МВР го демантира ВМРО: И полуписмен човек знае дека затворската полиција е во склоп на Правда

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи (МВР) најостро ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ изнесени во денешното соопштение.

-Станува збор или за свесно лажење или за комплетна неписменост и недоветност, затоа што и полуписмен човек знае дека МВР нема врска со затворската полиција, туку таа е во склоп на Министерството за правда односно Управата за извршување санкции. Оттаму министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ниту можел ниту има било каква врска со именувањето командири во затворот Идризово, затоа што буквално нема никаква надлежност за тоа. Бараме ВМРО-ДПМНЕ да се извини и да ги повлече ваквите неверојатни лаги кои ги пласираат во јавноста, соопштија од МВР.

Претходно од најголемата опозициска партија обвинија дека командирот во затворот „Идризово“ кој бил на смена кога се случи бегството на Беким Мемети, бил поставен од министерот Оливер Спасовски.

-Според нашите информации, Командирот на смена во чија смена се случило бегството пред неколку години бил избркан од МВР, како последица на учество во криминални дејствија, информациите говорат дека тој бил фатен на дело во ПС Бит Пазар при кривично дело Поткуп  по што бил избркан од работа. Со доаѓањето на Спасовски тој го враќа и го поставува на командирска позиција во Идризово, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини