МВР: Казнети 284 лица кои не носеле заштитни маски

од Берта Китинска

Вкупно дваесет лица во земјава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 284 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на земјава на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

Слични содржини