МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица денеска во 01.45 часот по полноќ на локален пат кај место викано „Понов мост Богородица“ го лишиле од слобода Б.М.(51) од Гевгелија, затоа што при извршен преглед во патничко возило „форд фокус“ со гевгелиски регистарски ознаки кое тој го управувал, биле пронајдени четири лица-мигранти од Либан.

Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

Слични содржини