337
На 13.04.2020 во 22,00ч. во ПС Гази Баба од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с.Синѓелиќ и В.В. (30) од ул.„Алија Авдовиќ“ поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од КЗ на РСМ, односно непочитување на ограничувањето на движење.
По лишувањето од слобода на лицата, на ул.„Алија Авдовиќ“, поголема група граѓани излегле на истата улица во знак на протест.
По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење, информираат од МВР.