Приведени осум лица во акција на антитерористичката служба на Грција

од Radmila Tasevska

Во акција на антитерористичката служба на грчката полиција, што од утрово е во тек во областа Атика, поширокиот регион на Атина, приведени се осум лица поврзани со групата која презеде одговорност за бомбашки напади, како и за закани кон судии во Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на АНА-МПА од грчката полиција, за истиот случај се испитуваат уште две лица кои се во затвор, а паралелно биле извршени претреси во десет домови од каде е одземен материјал што дополнително ќе се истражи.

Акцијата се однесува на групата „Партнерство за одмазда“, која презеде одговорност за три инциденти во Атина во јули и ноември 2023 година и јануари годинава, односно за напад со рачна бомба врз автомобил на затворски службеник; бомбашки напад врз градежна компанија и експлозија во филијала на банка.

По завршувањето на акцијата се очекува грчката полиција да излезе и со официјално соопштение.

Слични содржини