МВР поднело кривична пријава за ексидректорката на Дерматологија

од Aleksandar Todeski
418 прегледи

Ексдиректорката на Клиниката за дерматологија, Нина Цаца Билјановска, која со коронавирус одеше на работа и заради која речиси 200 луѓе се во изолација, заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, кажа техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Против поранешната директорка и против сите лица кои не ги почитуваат препораките, согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик е поднесен соодветен поднесок до Обвинителството, истакна Чулев.

Цаца Билјановска, како што соопшти тој, се вратила од зимувањето во Италија на 29 февруари, а на тестирање отишла на осми март, кога и беше откриен коронавирусот. Во тој период, таа одела на работа, а била говорник и на симпозиум на кој имало повеќе од 100 дерматолози.

 

Слични содржини