МВР: Приведени 42 лица, не го почитувале полицискиот час

од Берта Китинска
140 прегледи

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:


По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 50 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во државен карантин се спроведени 29 лица.

Слични содржини