МВР: Приведени 46 лица, не го почитувале полицискиот час

од Берта Китинска
135 прегледи Полициски час

На територијата на целата држава се спроведува најдолгото ограничување на движење кое започна вчера во 16 часот и ќе трае до вторник до 05 часот.

Полициски час

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР:

Евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.