191
Изминатата ноќ, МВР на целата територија евидентира 44 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 31 лице.
За останатите, како што соопшти МВР, се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, во изминатите 24 часа на 110 лица им се издадени решенија за изолација, а 129 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти МВР.