155
Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:
По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација.
Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се утврдени лица кои не ги почитувале мерките.
Во државен карантин се спроведени 32 лица.