МВР денеска на прес конференција со клучниот детал – Секој ден нов исказ од Спасов и сопатничката не се јасни и неможеме да дефинираме јазност на вина пошто секој ден се премислуваат и не еднаш туку по трипати.
– За ова прашање информации можете да добиете од директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање – изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Ангеловски информира дека целиот случај е документиран во полицијата и на него се уште се работи бидејќи Спасов, сопатничката и возачот неколку пати ги менувале изјавите.
МВР потврди дека Диме Спасов дал две различни изјави во врска со сообраќајните незгоди во кои учествувал, а неговата сопатничка Т.К. и возачот М.Т. од петокот кога се случиле сообраќајките до вчера дале три различни изјави.
– Сопатничката прво тврдела дека со „туарегот“ управувал Спасов, па потоа дека управувал возачот и на кај изјавила дека возел Спасов. ТАА СЕ ПРАВДАЛА СО СТРЕС КОЈ ЈА ДРМАЛ ЦЕЛО ВРЕМЕ!?
Слично реагирал и возачот иако постојано менува во стилот на пиши бриши
Министерот заменик Спасов и тој прво тврдел дека не го возел возилото, па вчера изјавил дека тој го возел – рече Ангеловски.Неговата исповед пред камерите на провладината Тв НОВА дад е трета слика на оваа веќе дефинираа турска серија на власта
Тој потврди дека оштетените од возилото „пасат“ кои учествувале во сообраќајката не биле вооружени, полицијата ги претресла и двете возила и учесниците во несреќата и не пронашла оружје, но во врска со реакцијата на полицајците од МВР рекоа дека тие реагирале соодветно, согласно законска процедура бидејќи не знаеле за кого станува збор , за каков вид на престапник оти возачот бегал, и не салак да застане да се соочи со органите на редот.
За сега нема информации за тоа дали и кога МВР ќе поднесе и дополителни пријави за лажно сведочење на Диме Спасов, и сопатничката и возачот Т.К., бидејќи тие не запираат со менување на исказите.
– Полицијата се уште работи на случајот бидејќи вчера се дадени нови изјави, а што ќе произлезе од тоа ќе се види понатаму – рече Ангеловски.
Едно е сигурно деа Алкотест на Спасов не му бил направен по петочниот инцидент.
Ангеловски потврди дека снимките од сообраќајките во кои учествувал дополнителниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов се од системот за набљудување на сообраќајот на Град Скопје под ингеренции на градоначалникот Коце Трајановски и МВР, но како тие стигнале до медиумите, детали има Управата за безбедност и контраразузнавање, посочија денеска од МВР.