294
МВР денес објавиле дека санкционирани се 348 возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената.
„Од нив, 82 возила се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 75. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од полицијата.
Како што може да се види на фотографијата, еден од санкционираните возачи возел со 212 километри на час.