МВР: Вчера 88 лица не го почитувале полицискиот час

од Берта Китинска
137 прегледи

Во текот на изминатото деноноќие од страна на Министерството за внатрешни работи констатирано е дека:

Полициски час

По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 88 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 77 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се утврдени лица кои не ги почитувале мерките.

Слични содржини