МВР: За утре ќе преземеме посебен сообраќаен режим во Скопје

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи денес информираше дека на 23.06.2021 (среда), поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на градот Скопје.

-Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.За таа цел, МВР апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги  почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници, соопштија од МВР.

Слични содржини