На 1 мај, го одбележуваме Денот на трудот и борбата за работнички права

од Марта Пешевска
467 прегледи

На 1 мај, голем дел од светот го одбележува Денот на трудот и солидарноста на работниците. Многу земји во светот денес ги слават социјалните и економските достигнувања на работничкото движење.

Мај е еден од официјалните празници во Македонија.

  1 мај е прогласен за државен празник, по НОБ во СФРЈ а од 1945 година комунистичките власти почнаа да го слават празникот секоја година. По крајот на Социјализмот и распажањето на СФРЈ ,  Први мај продолжува да е официјален празик  и неработен ден, но државната власт не се ангажира со организирање на масовни манифестации, како во времето на социјализмот.

Историјата на празникот се поврзува со меѓународното социјалистичко движење во XIX век и работничките протести за почитување на елементарните социјални права.

Таа беше лансирана на 1 мај 1886 година во САД кога синдикатите одржаа неформален штрајк во кој учествуваа над 300.000 работници од целата земја, со барање за воведување на официјален работен ден од 8 часа. По тридневни протести во Чикаго полицијата и приватното обезбедување ги растера демонстрантите, повредувајќи околу 200 лица и убиваат најмалку  четворица. На 4 мај полициската бомба беше вратена со  протестите против полициското насилство, при што загина еден полицаец, а шестмина беа повредени. Одеднаш, седум анархисти беа осудени и егзекутирани, потоа ослободени како невини.

Во 1889 година Основачкиот конгрес на Вториот интернационала, одржан во Париз, повикува на меѓународни демонстрации во знак на солидарност кон протестите во Чикаго.

Во 1904 година Меѓународната конференција на социјалистите во Амстердам повикува “сите социјалдемократски партии и синдикати од сите страни да покажат енергичност на Први мај за официјално признавање на 8-часовен работен ден, за права на пролетаријатот и за светскиот мир.

” Бидејќи најефективниот начин за демонстрации е штрајкот, а конгресот одлучи дека е “задолжително за сите пролетеријатски организации од сите земји да престанат да работат на 1 мај, секаде каде што е можно без негативни последици за работниците”.