Удрија на национализам! ДУИ не гледа сојузник во ниту една од македонските партии, и не ги дава албанските гласови
Ова , како што објави телевизија Телма, Ахмети го изјави пред подмладокот на партијата, вечерва во скопски Чаир.
Ахмети рече дека СДСМ за гласовите на Албанците доцнат цели 15 години и запраша.
– Каде беа пред 15 години , кога младите Албанци се убиваа само за да учат на албански јазик ? А сега, сакаат да владеат со помош на албанските гласови – рече Али Ахмети.
ДУИ не гледа сојузник во ниту една од македонските партии туку нејзин сојузник е албанскиот народ.
Зборувајќи за однесувањето кон Албанците во Македонија, Ахмети беше радикален, велејќи дека, ќе дојде време кога Албанците ќе се борат против некоја неправда што му е направена на Македонец, кога Македонците ќе бидат малцинство. Потенцираше и дека е убеден дека тоа време ќе дојде. И говорот на претседателот на подмладокот, Куштреф Ала, изобилуваше со националистички пораки, а во еден момент ја нарече Македонија – Илирида.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им порача на Социјалдемократите дека немаат право да ги бараат албанските гласови на претстојните избори.