На барање на граѓаните: Саудиска Арабија ќе ја намали јачината на звучниците од џамиите

од Nikola Popovski

Министерот за исламски работи на Саудиска Арабија ја брани спорната наредба за ограничување на обемноста на звучниците во џамиите, велејќи дека тоа е поттикнато од поплаките на граѓаните за прекумерна бучава.

Во главната тема во минатата недела во земјата каде се наоѓаат најсветите муслимански места, Министерството за исламски работи соопштило дека звучниците треба да бидат поставени на, не повеќе од една третина од нивниот максимален волумен.

Делот во кој одлуката е построга, е што таа го дозволува користењето на звучници само за повикување на молитва, а не за пренесување на целата проповед, пренесува Ал-Џезира.

Министерот за исламски работи Абдулатиф ал-Шеик во понеделникот рече дека наредбата е одговор на поплаките на граѓаните дека гласниот звук ги вознемирува децата, како и постарите лица.

„Оние што сакаат да се молат, не треба да чекаат на повикот на имамот за молитва“, рекол ал-Шеик во видеото објавено од државната телевизија.

„Тие претходно треба да бидат во џамијата“, додал тој.

Неколку телевизиски канали емитуваа молитви и рецитали на Куранот, рече Шеик, сугерирајќи дека звучниците служат за ограничена цел.

Во земјата, која е дом на десетици илјади џамии, многумина го поздравија потегот за намалување на нивото на децибели од звучниците.

Сепак, одлуката предизвика и незадоволство на социјалните мрежи, со хаштаг кој повика на забрана на гласна музика во рестораните и кафулињата.

Шеик истакнал дека критиките за политиката ги шират „непријателите на кралството“ кои „сакаат да го разбрануваат јавното мислење“.

Слични содржини