На кој му се потребни музеите, а на кого тендерите од Скопје 2014-та

од Vladimir Zorba
97 прегледи

По денешната информација која беше објавена во медиумите, за можни проневери на милиони во тендерските распределби на Министерството за култура во градењето на луксузниот објект на Музејот на македонската борба, директно не поврзува со нетранспарентноста и насилниот идентитет кои веќе со години се гради и ствара новата колективна свесност на современиот Македонец.
postavka
Музејот од самата изградба го пратеа новинарски текстови кои укажуваа за нетранспарентност при изградбата и надминување на првичната сума која беше предвидена со буџетски пари. Потоа се скандализираше околу анекс договорите, но до сега од обвинителството никој не реагираше, а Министерството за култура ветуваше дека ги поседува сите документи и се е работено по легален пат.
Контрадикторно е што за самиот музеј се склучени 123 договори со правни и физички лица, а проектот тежи над 16 милиони евра. Локално.мк веќе пишуваше за странските уметниците кои се ангажирани за сликање историски теми, кои покасно биле ангажирани на портрети од екс поставата од владината врхушка на поранешниот премиер Никола Груевски, наменети за новата партиска зграда на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот анормален чин на некогашната власт, која се обидува преку новосозаденото да креира идентитет на припадност уште еднаш ја потврдува нерационалноста и тиранизацијата врз емоциите на луѓето. Не случајно босанскиот уметник Дамир Никшиќ, преку видео перформанс ја илустрираше насилната пропаганда која се врши во Македонија, и бесмисленоста на уметничката репрезентација.

Доколку СЈО го отвори случајот за сомнителниот тендер од Скопје 2014-та, а поврзан со луксузен објект ќе се фрли нова светлина за тоа дали и кому се потребни нови културни објекти и за што служат ваквите институции, освен за матичната служба во музејските галерии./В.К