На почетокот на октомври ќе се случи првата официјална посета на македонски претседател на Грција

од Nikola Popovski
211 прегледи

„На почетокот на октомври, на 5 и на 6 октомври, треба да се случи првата официјална посета на еден претседател на Северна Македонија на Република Грција“, изјави синоќа претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на емисијата „360 степени“.

Тој бил изненаден што му понудиле средба и со лидерот на опозицијата.

„Бидејќи знам какви се балканските политики, јас прашувам дали тоа ќе предизвика некаква реакција од оние кои се во власт. Напротив, ми рекоа дека традиција е кога некој таков гостин доаѓа, да се сретне и со лидерот на опозцијата. Треба да научиме од тоа“, рече Пендаровски.

Претседателот ќе има средби со грчкиот премиер и со спикерот на парламентот.