На сметка имале 78 долари, а со само една порака заработуваат по 100 милиони долари годишно

од desk2
137 прегледи

Откако не успеале да продадат маици со апстрактен дизајн, браќата Берт и Џон Џејкобс добиле идеја да понудат позитивни пораки на пазарот наспроти секојдневниот наплив на негативни вести.

Тие ја испечатиле пораката “Life is Good” (Животот е добар) на маици, а бизнисот тргнал како луд, пренесува “CNNMoney”.

Тригодишната продажба на овој слоган им донела еден милион долари, а пред тоа тие биле практично на работ на сиромаштијата, со 78 долари на нивната банкарска сметка.


На ваков потег, браќата Џејкобс се одлучиле кон средината на 90-тите години, а сега заработуваат околу 100 милиони долари годишно и создале познат лајфстајл бренд кој вклучува маици, пижами, накит па дури и украси за домот, кои ги продаваат во 2500 продавници во САД и Канада, како и преку е-продавници.

Тие велат дека се уште ја имаат истата цел како и на почетокот – ширење оптимизам.

“Тоа е мисија која денес се цени повеќе од претходно”, изјавил Берт Џејкобс.


Браќата се уште се сопственици и менаџери на компанијата која има седиште во Бостон. Исто така, тие имаат 178 вработени лица, а компанијата донира 10 отсто од заработката на сиромашни деца.

Иако нивната работа денес е значајно поголема отколку некогаш, Берт и Џон тврдат дека нивната мисија не е променета.

“Ние сакаме да шириме оптимизам бидејќи сметаме дека тоа денес е поважно отколку претходно”, заклучиле тие.