На Сон сè уште му е жал што Мурињо веќе не е менаџер на Тотенхем (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Јужнокорејскиот фудбалер Хјун-мин Сон сè уште жали што Жозе Мурињо повеќе не е менаџер на Тотенхем.

Во меѓувреме, Португалецот ја презеде Рома со која потпиша тригодишен договор и која ќе го води од следната сезона.

Интересно, Мурињо единствено со „петлите“ не успеа да освои ниту еден трофеј.

За тоа, Сон најмногу жали.

„Жално е што тој замина без успех. Толку е тажно затоа што тој е човек кој освоил сè. Ние сме единствената екипа со која не постигна голем резултат и затоа е многу тешко за мене. Сепак, тој секогаш ќе биде еден од најголемите тренери во светот за мене“, рече Сон.

Мурињо помина година и пол во Тотенхем, а најблиску до трофејот тимот беше неодамна во Лига купот, кога загуби во финалето од Манчестер Сити.

Слични содржини