Македонски државјанин се обидел нелегално да внесе златен накин вреден околу 30 илјади евра на граничниот премин Табановце.
Царинските службениципри претрес на Т.М., во предниот лев и десен џеб од неговата јакна пронашле непријавен употребуван златен накит, две лири и употребуван рачен часовник РОЛЕКС-ТУДОР, завиткани и врзани во чорапи.
Според првичното вештачење, вредноста на златниот накит се проценува на над 29 илјади евра.
Инспектори од Одделението за истраги при Царинска управа презедоа предистражни мерки и активности и утврдено е дека осомничениот златниот накит го купил од Италија каде ШТО привремено живее и работи, по цена од 20 евра за еден грам.
Против осомничениот до ОЈО – Куманово е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основен суд – Куманово каде му е изречена мерка претпазливост – одземање на патна исправа.