На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу еден час

од Stefanija Kuzmanovska

Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

На Граничниот премин Табановце времето на чекање за за влез и излез од државата е околу еден час. На Граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Слични содржини