Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 излекувани пациенти, 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови.
Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.
Во изминатите 24 часа потврдени се 37 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8, Кочани-1.
Во однос на дистрибуција по пол, од регистрираните случаи 46.4% се машки, а 53.6% сe женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 50,0/100.000, додека кај женските 58,0/100.000.
Според Институтот за јавно здравје возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 45 години). Најголем број (n=233) на заболени се на возраст од 50-59 години или 20,9%, каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 83,8/100.000. Кај лица над 60 години инциденцата изнесува 59,2 заболени на 100.000 лица (Графикон 1). Најниска инциденца од 18,8 и 18,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 43 и 46 случаи соодветно.
Во изминатото деноноќие направени се 314 теста. Преку ИЈЗ –222, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –3, Биотек –27, Филип Втори (Жан Митрев) – 17 и Систина со PCR метода – 45 . Досега во земјата се направени вкупно 11870 тестирања на ковид -19.
На Инфективната клиника во Скопје, примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, 7 пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на ДЗСИ се испишани 3 пациенти, се уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, од нив 3 се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.
Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.