Над 7000 домаќинства ќе добијат пониски сметки за струја за 600 до 800 денари

од Nikola Popovski

Согласно програмата, финансиска поддршка од 600 до 800 денари ќе добијат над 7.000 домаќинства од социјален ризик во период од 12 месеци! За прв пат се воведува парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон, информира денеска на прес-конференција, министерот за економија, Крешник Бектеши.

Министерот истакна дека во услови на светска енергетска криза, спречено е драстрично поскапување на електричната енергија од над 25% и активирано е домашното производство за ублажување на ценовниот шок.

-Цената на електричната енергија на универзалниот снабдувач – ЕВН ХОУМ за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе биде покачена за 9,48% во однос на претходниот пресметковен период, како што информираше Регулаторната комисија за енергетика. Се задржува ноќната ефтината тарифа на струјата, како и таа во недела. Рестрикции на електрична енергија нема да има. Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција на успешно соочување со енергетската криза. Сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство, односно без увоз, кажа Бектеши на прес-конференцијата.

Слични содржини