Додека Новак Ѓоковиќ се бори за 21 грен слем трофеј во кариерата, неговиот голем ривал Рафаел Надал се мачи со повреда на стапалото.

Моментално петтиот тенисер во светот, но и сопственик на дваесет Гренд слем титули во неговата кариера, оваа сабота објави дека има медицински третман на левата нога.

– Бев во Барселона со мојот тим и медицинскиот тим и добив третман за кој ќе треба да се одморам неколку дена и што ќе ме одвои од тениските игралишта некое време- изјави 35-годишниот Надал.

Надал објави и фотографии по третманот, кои, пак, покажуваат дека шпанскиот тенисер во овој момент треба помош од патерици за да оди.

Надал, како и шпанските медиуми, не прецизираа точно за каков третман станува збор и колку долго ќе треба да се раздели од тенисот, а проблемите со стапалата беа и причината поради која Надал ја пропушти целата сезона од Роланд Гарос наваму.

На Гренд слем турнирот во Париз, кој го освои рекорден тринаесет пати, годинава загуби во полуфиналето од Ѓоковиќ.

Подоцна, го пропушти Вимблдон, Олимписките игри и актуелниот УС Опен.

Слични содржини