Надреално сослушување: 30-годишниот син мора да се исели од дома

од desk2
149 прегледи

 

Марк и Кристина Ротондо безуспешно се обидувале да го натераат својот 30-годишен син да се исели од нивната куќа, се додека не стигнаа до Врховниот суд.

Судијата Доналд Гринвуд, застана на страната на родителите, и му соопшти на Мајкл Ртонда дека мора да ја напушти куќата на своите роители.

Приказната се прошири откако ја објави порталот Syracuse.com. Во прилог има серија писма што родителите му ги пратиле на синот од 14 февруари годинава, давајќи му две недели да се исели од куќата.

Тие во писмата невеле дека ќе му дадат 1.100 долари парична помош за да најде сместување, му дале бројни родителски совети („Постојат работни места за кои не треба искуств, како тебе. Најди едно.“) и му предложиле да ги продаде своите работи за да собере пари за почеток на смостоен живот.

Со оглед на тоа дека Мајкл ги игнорирал, тие го дале на суд.

На сослушувањето, кое порталот го нарече надреално, Мајкл 30 минути се расправа со судијата, инсистирајќи на тоа дека според законот неговите родители мора да му дадат предупредување од најмалку шест месеци пред да му наредат да се исели.

Судијата му рече дека тоа не е вистина и ги задолжи работниците од социјалната служба за заштита на возрасни ица да го истражат случајот.

Мајкл, кој се вратил дома пред осум години, откако ја изгубил работата, на новинарите им рекол дека ќе поднесе жалба.

Тој додава дека не разговара со своите родители, но дека не е подготвен да се исели.

Неговите родители наведуваат дека тој никако не придонесува во куќниот буџет, ниту дека ги извршува домашните задачи.