Најавената минимална плата ја качи Македонија на второ место во регионот

од Vladimir Zorba

Минималната плата од 14.500 денари ќе ја качи Македонија помеѓу земјите со највисоки плати во регионот, покажуваат статистиките.

Со зголемувањето, кое ќе изнесува 235 евра, поголем минималец во регионот ќе има Србија, чија минимална плата од први јануари ќе изнесува 255 евра. Во Црна Гора, минималната плата изнесува 222 евра, во Албанија 211 евра, а во Босна и Херцеговина 208 евра.

Земјите кои влегоа во Европската Унија се со минимални плати значително поголеми, па така во Словенија минималната плата изнесува 667 евра, а во Хрватска 405 евра.

Слични содржини