Најдебелото момче на светот ослабе 75 кг и игра бадминтон

од desk2
58 прегледи

Најдебелото момче на светот, 12-годишниот Арија Пермана од Индонезија, ослабе 75 кг по операција на желудникот.

Пермана од индонезиската провинција Западна Јава беше толку дебел што воопшто не можеше да се движи сам, да седи или да си игра. Ни една облека не го собираше па речиси цел живот го помина замотан само со саронг како пелена. Никогаш не одеше во училиште затоа што патот до училиште му беше пренапорен.

Со 10 годнии веќе тежеше 200 кг и ја понесе титулата за најдебело момче на светот.

По години прејадување лекарите успеаја неговите родители да ги убедат дека Арија ќе умре ако продолжи неконтролирано да јаде. Аде и Рокаја Соемантри се согласија да го пуштат на операција која ќе му го спаси животот.

Арија пред нешто повеќе од еден месец отпатува во болница во Џакарата. Опсежната оперција за отстранување на голем дел од желудник, по која му се намали апетитот, ја изврши д-р Ханди-Винг. Стана најмалиот човек на кој некогаш му е направена петчасовна операција за намалување на желудникот.

Еден месец по операцијата Арија ослабе 75 килограми и почна да игра бадминтон, фудбал и останати спортови за кои претходно можел само да сонува.