Најголемото мафијашко судење во последните децении: Осудени 70 членови од „Ндрангета“

од Берта Китинска

Италијанското судство осуди 70 членови и помошници на „Ндрангета“ – најмоќната мафијашка група во Италија.

Во следните две години 355 членови на мафијата и корумпирани функционери ќе се соочат со суд за учество во најбогатата и најмоќната мафијашка група во Италија.

Во судењето учествуваат стотици адвокати и речиси 1.000 сведоци.

Вчерашните „макси судења“ се одржаа зад затворени врати во специјално подготвената судница во калабрискиот град Ламеција Терме.

Обвинетите имаа на располагање забрзано судење и намалување на казните за една третина доколку бидат прогласени за виновни. Во овој случај, судиите осудиле шест лица на по 20 години затвор. Ослободени се 21 лице.

Ндрангета е криминална мрежа од околу 150 семејства. Ова судење се однесува само на еден од нив – семејството Манкузо.

Долгата листа на обвиненија вклучува убиство, обид за убиство, изнуда, откривање државни тајни, злоупотреба на службената положба и алчност.

Слични содржини