Најлошиот филм годинава? Публиката излезе од проекцијата на новиот филм

од desk2
177 прегледи

 

Проекцијата на новиот филм на данскиот режисер Ларс вон Триер „Куќата што ја изгради Џек“ на овогодинешниот филмски фестивал во Кан ја одбележа излегувањето на 100 посетители од салата на сред филм.

Црнохумористичниот трилер со Мет Дејмон и Ума Турман следи убиствен поход на сериски убиец низ неколку децении.

Оние што го гледаа филмот велат дека е преполн со садистички сцени, насислтво и бруталност, а дирекоторт на фестивалот Тјери Фрему вели дека филмот „се занимава со толку контроверна тема“ што може да сe  прикажува само надвор од натпреварувачкиот дел.

Шефот на њујоршката редакција на „Варајети“ Рамин Сатод на твитер напиша дека повеќе од 100 луѓе излегле од проекцијата на филмот во кој може да се види сакатење жени и деца.

„Ова е најлош филм што сум го гледал во кино. Полош и од „Сивиот зајак“, напиша и приложи фотографии како луѓето си заминуваат од киното.

Тјери смета дека до излегување на публиката довела сцената кога главниот лик пука во две деца со пушка и им ги разнесува главите. Покрај сцената на чедоморство и отсекување дојка, постои ис цена во која дете отсекува нога на пајче со ножици. Вон Триер поставил ис снимки од концентрациони логори.

Покрај тоа остатокот од публиката го поздрави со десетминутен аплауз по завршувањето на филмот.