Најмалиот син на Бекамови го објави својот прв сингл

од Vladimir Zorba
67 прегледи

 – Круз Бекам, најмалиот син на Викторија и Дејвид Бекам, на социјалните мрежи го објави својот прв сингл под наслов „If Everyday was Christmas“ („Кога секој ден би бил Божиќ“).

По таткото и мајката, кои се докажаа во музичките, модни и фудбалски води, и нивните деца постепено покажуваат дека крушката не паѓа подалеку од стеблото, пишуваат француските медиуми, пренесени од Хина.

Медиумите наведуваат дека прво најстариот син Бруклин (17) се испроба во манекенските води, позирајќи за големите светски модни марки, а сега тоа го прави најмладиот Круз Дејвид, не заостанувајќи зад него.

Бекамови ги имаат и синот Ромео Џејмс (14) и ќерката Харпер Севен (5).

https://youtu.be/P9DSZscjoUk