Најмалку 12 лица загинаа во израелски напад во близина на болницата „Ал Шифа“ во Газа

од Vladimir Zorba

Најмалку 12 лица загинаа во близина на болницата Ал Шифа во Газа за време на израелски воздушен напад, јавија палестинските медиуми.

Според извештаите на медиумите, за време на воздушниот напад била погодена станбена зграда, при што загинале најмалку 12 лица, а непознат број се повредени, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во тек се обиди за спасување на луѓето затрупани под урнатините, се додава во извештајот. Израелските одбранбени сили (ИДФ) се уште не го коментирале овој напад.

Слични содржини