Најмалку 17 лица повредени во судир на возови во Данска

Четворица од повредените се во критична состојба

од Кристијан Димков
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/AP
Најмалку 17 лица денес се повредени во судир на два локални воза во Данска, соопшти службата за итна помош, пренесува Ројтерс.

Четворица од повредените се во критична состојба.

Судирот се случил северно од Копенхаген, на железничката линија што ги поврзува градовите Хилерод и Кагеруп, соопшти полицијата.