Најмалку 26 лица загинаа во пожарите во Алжир

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 26 лица загинаа во пожарите што ги зафатија шумите во источен Алжир, според привремениот извештај на министерот за внатрешни работи Камел Бељуд.

Според извештаите, повеќето од жртвите биле пријавени во регионот Ел Тарф во близина на северната граница со Тунис, каде се пронајдени телата на 24 лица, пренесува АП.

Минатата година во пожарите во Алжир загинаа 104 лица, од кои 33 војници.

Слични содржини