Најмалку 48 новинари убиени во 2016. при извршување на своите работни задачи

од Vladimir Zorba
80 прегледи

 

Најмалку 48 новинари се убиени во светот додека ги извршувале работните задачи во 2016 година, соопшти Комитет за заштита на новинарите. Лани бројот на убиени новинари изнесува 72 лица.

Во извештајот, кој е објавен оваа недела се вели дека 26 од убиените новинари оваа година загинале во борбени дејствија или во крстосувачки оган при известување од судирите во Сирија, Ирак, Јемен, Либија, Авганистан и Сомалија.

Осумнаесет од убиените новинари биле убиени како одмазда поради нивната работа.

Падот на нарачаните убиства на новинари може се должи на фактори како помалку презеање на ризици од страна на медиумите и користење на други средства за замолчување на критично настроените новинари.

Сирија е најопасната земја за новинари веќе петта година по ред. Во 2016 година во Сирија се убиени 14 новинари, а по шест новинари се убиени во Ирак и Јемен.

Новинарите на оваа листа се убиени во периодот меѓу 1 јануари и 15 декември