МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ 11 Лазарополе, Крушево, 12 Пожар, 13 Берово, Претор, 14 Пожаране, Тополчани, Кр. Паланка, Ѓуриште, 15 Битола, Прилеп, Охрид, 16 Тетово, Виница, Дебар, 17 Штип, Скопје-З.Рид, Куманово, Д. Капија, Струмица, Скопје-Петровец, 18 Гевгелија, Дојран.дозд

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот. 1 Струмица, Гевгелија, Берово, Пожар, 2 Дојран, Виница, Скопје-З.Рид, 3 Штип, 4 Куманово, 5 Д. Капија, Тетово, 6 Скопје-Петровец, Пожаране, 7 Ѓуриште, Дебар, 9 Тополчани, 10 Охрид, 11 Крушево, Прилеп, 13 Лазарополе и Маврово, 20 Претор, 26 Битола.

 

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Облачно, речиси на секаде со врнежи од дожд. Пообилни врнежите беа во Пелагонија и Преспа. Во овие моменти на места врнежите престанаа.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претпладне претежно облачно со повремени врнежи од дожд, во текот на денот ќе има делумно намалување на облачноста. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максимална температура од 21 до 27 степени. УВ=4

Скопје: Претпладне претежно облачно со повремен дожд со послаб интензитет, а околу пладне ќе има делумно разведрување. Попладне и во Скопската котлина ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно, попладне на места нестабилно со пороен дожд и локална појава на грмежи. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17, а максималната од 22 до 28 степени. УВ=5

Слични содржини