НАЈНОВ ЦРН БИЛАНС: Еве колку жртви и повредени има досега во Израел и Појасот Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во нападите на Хамас врз Израел надмина 600 луѓе, објави денеска „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека повеќе од две илјади лица се ранети, а десетици се киднапирани.

Од палестинска страна, потврдно е дека најмалку 370 Палестинци загинале во Појасот Газа, додека други 2.200 се повредени, соопшти тамошното министерство за здравство.

Израел соопшти дека извршил повеќе од 400 напади врз Појасот Газа, инсистирајќи дека целта на нападите била инфраструктурата на Хамас , а премиерот Бенјамин Нетанјаху ги предупреди граѓаните во Појасот да го напуштат регионот.

Слични содржини