Бројот на потврдени случаи во светот вчера се зголеми за 338.000, а вкупниот број на лица кои заболеа од ковид е 111,1 милион, покажаа синоќа податоците на Светската здравствена организација (СЗО).
Бројот на мртви се зголеми за повеќе од 7.500 во претходните 24 часа, надминувајќи 2,46 милиони мртви, објави агенцијата ТАС С.
Повеќе од половина од заразените се во Северна и Јужна Америка (169.352), 102.325 во Европа и 27.040 во Југоисточна Азија.