193
Најновите информации од Министерството за здравство за заштита од корона вирус од денеска може даги добивате директно во апликацијата AirCare!, соопшти министерот Венко Филипче.
Најновата верзија од Google Play и App Store веќе може да се преземе, а во менито треба да се активира опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот „Вести“.
Голема благодарност до МојВоздух/AirCare за поддршката која ни ја даваат во овие моменти со справувањето и информирањето за заштита на граѓаните од КОВИД-19, вели Филипче.
Android апликацијата на следниот линк: https://getaircare.com/android
iOS: https://getaircare.com/ios
Фото: Борче Поповски