Познат е како еден од најпожелните доктори на светот, а на Инстаграм моментално го следат повеќе од 270 илјади луѓе. На профилот редовно објавува провокативни и разголени фотографии со кои ги остава без здив своите обожавателки.

Џовани Анџолини (37) стана главен хит на Интернет, а неговите заводливи фотографии ги освоија жените од целиот свет. Имено, овој секси доктор од Италија многумина го прогласиле за најпожелниот доктор на светот.
https://www.instagram.com/p/BqFwOGvHmUO/?utm_source=ig_embed
Завршил медицина, а потоа специјализирал ортопедија и трауматологија. Висок е 186 сантиметри и има 80 килограми, а со совршените стомачни мускули и блескава насмевка ги освои срцата на голем број жени.
https://www.instagram.com/p/BINo7j0hCWa/?utm_source=ig_embed
Во 2015 учествувал на италијанскиот „Голем брат“, но светска популарност постигнал неодамна, и тоа благодарение на неговите профили на социјалните мрежи кои се преполни со разголени фотографии.
https://www.instagram.com/p/BTEN0FyA9_6/?utm_source=ig_embed
Анџолини обожава да патува околу светот, а своите доживувања од патувањата ги споделува со пријателите на Инстаграм и Фејсбук.
https://www.instagram.com/p/BpxEnp_nvpI/?utm_source=ig_embed
На голема жалост на неговите верни обожавателки, сексапилниот доктор веќе некое време е во врска со манекенката и фитнес-тренерка Нивес Болос. Таа по потекло е од Барселона, а среќниот пар редовно објавува заеднички фотографии на кои изгледаат вљубено и среќно.
https://www.instagram.com/p/BpDCzh3ixrr/?utm_source=ig_embed