Најскапиот хотел нуди 16 залези на сонцето во 24 часа, секако, се наоѓа во вселената

од desk2
122 прегледи

 

Освен многу, многу пари, вселенските патници ќе мора да потрошат неколку месеци за физички да се подготват пред одмор со поглед на Земјата.

Ако некогаш сте посакале да престојувате во вселената Orion Span има решение а вас. Aurora Station нуди прва модуларна вселенска станица и луксузен хотел во вселената. Аранжманот ќе се преодава за шест луѓе кои 12 дена ќе живеат како астронаути на 320 километри над земјината површина во бестежинска состојба.

Во Orion Span наведуваат дека ќе се позанимаваат со истражувањето за одгледување храна во вселената, која туристите ќе може да ја однесат дома како сувенир.

Уште една погодност која може да ви ја понудат, а не може да ја најдете на нитуе едн хотел на земјата се 16 залези на сонцето на секои 24 часа. При враќањето на Земјата фирмата ќе ви организира јуначи дочек.

Ако сте заинтересирани, за вселенски туризам почнете да штедите затоа што до 2022 година ќе ви требаат околу 7 милиони евра по лице.

Тренингот е во три фази во траење од еден месец до шест недели во Хјустон, а потоа во Аурора По завршувањето ќе може да го искористите сертификатот и за други патувања.