Најстариот милијардер во светот има 100 години и секој ден оди на работа

од desk2
152 прегледи

Ниту по кариера од 80 години стогодишниот милијардер Чанг Јун Чунг не се пензионира, тој и понатаму инсистира секој ден да оди на работа во семејната компанија.

Иако позицијата на директор годинава ја препушти на синот, стогодишниот жител на Сингапур вели дека останата му е навиката да оди на работа. Секој ден ја посетува фирмата, едноставно вели дека не може да остане дома.

Неговиот син Тео вели дека барем двапати дневно се консултира со татко му околу одредени одлуки и водење на компанијата, во која се вработени 18.000 луѓе.

„Во секоја работа, особено околу водењето на бродарска компанија, наидувате на различни проблеми, од политички до технички, па и несреќни случаи. Да се остане смирен и да се заборави на темпераментот во оваа работа е најважно, а тоа е нешто што го научив од татко ми. И уште учам од него“, вели Тео.

Стогодишниот Чунг од друга страна, открива дека доброто ментално здравје го одржувало сите овие години.

„Никогаш не ги губам нервите. Не можам тоа да си го дозоволам. Кога ќе ги изгубите нервите, едноставно повеќе не може да се контролирате“, додава тој.