Намирници кои ги штитат крвните садови од холестерол

од Stefanija Kuzmanovska

Сите знаеме дека стресот и брзата храна создаваат холестерол кој би можел да нè убие ако не се погрижиме навреме за него. Но, постои и храна со токму спротивен ефект.

Постојат четири намирници благодарение на кои, во комбинација со здрава храна и вежбање, ќе успеете да ги прочистите своите крвни садови.

Сина риба

Сината риба, во која спаѓаат туната, лососот и скушата, содржи масти богати со аминокиселини, односно омега 3 масни киселини, кои помагаат во балансирањето на мастите и триглицеридите.

Овесна каша

Со години овесната каша го носи епитетот најздрав појадок. Тоа е така бидејќи е богата со растителни влакна, но и со здрави јаглехидрати кои ќе нè заситат до ручекот и нема да дозволат таложење масти на ѕидовите на крвните садови.

Соја

Сојата е богата со состојки наречени изофлавони, кои значајно го намалуваат холестеролот во крвта и триглицеридите.

Домати

Кога им е сезона, јадете ги доматите, за да обезбедите доволно ликопен за своето тело. Можете да ги комбинирате доматите на илјадници начини, од сосови, до салати, и секогаш ќе можете да ги искористите максимално нивните хранливи материи.

Слични содржини