НАПАД ВО ВАШИНГТОН: Цел било возило на дипломатска мисија

од Stefanija Kuzmanovska

Возило на амбасадата на Азербејџан во Вашингтон било цел на напад, соопшти азербејџанското министерство за надворешни работи.

Во денешното соопштение се наведува дека инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу 10 и 11 октомври и дека Амбасадата веќе ги известила американските органи на прогонот.

„Во текот на ноќта меѓу 10 и 11 октомври службен автомобил на Амбасадата на Азербејџан во Вашингтон беше цел на вооружен напад. Дипломатската мисија веднаш ги известила американските служби и испратила фотографии снимени со видео надзор“, се вели во соопштението.

Слични содржини