Направете класична ГРЧКА САЛАТА – сигурно веќе ги имате сите состојки во домот

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку сакате да се освежите со добра салата, а во исто време да се потсетите и на морето, оваа грчка салата е вистинскиот избор за вас.

СОСТОЈКИ:

три домати
средна главица црвен кромид
една краставица
зелена пиперка бабура
16 црни маслинки
200 гр фета сирење
лажица бел вински оцет
четвртина чаша маслиново масло
една лажичка суво оригано
морска сол

ПОДГОТОВКА:

Во чинија ставете ги доматите исечени на кришки, измиената и исечкана на коцки краставица (не треба да ја лупите), сечканата пиперка, исечканиот црвен кромид и маслинките. Посолете и зачинете со оригано. Прелијте ги со маслиново масло и вински оцет и сè убаво измешајте. Одозгора наредете кришки фета сирење и послужете веднаш.

Слични содржини