Направете сами средство за дезинфекција на мобилниот телефон

од Elena Daskalova
567 прегледи

Мобилниот телефон е предмет кој често ни е во раце дури и во услови кога не ни се чисти, кога сме во превозно средство и воопшто, не сме обрнувале внимание на неговата дезинфекција.

Но, со оглед на тоа што често го држиме во раце, но и го допираме до лицето, важно е да го дезинфицираме редовно, но и оваа навика да ја зачуваме дури и откако ќе заврши пандемијата со коронавирусот.

Подготовката на домашно средство за дезинфекција е многу едноставна. Во шишенце со распрскувач ставете вода и 70% изопропилен алкохол. Наполнете го до половина со вода, па додадете го алкохолот. По желба можете да додадете капка етерично масло, за да го намалите мирисот на алкохолот.

Испрскајте крпа или парче памук со течноста и внимателно пребришете го телефонот. Обрнете внимание и на футролата и маската, а можете да ги дезинфицирате и слушалките, полначот и останатите дополнителни гаџети кои ги користите. Со истото средство можете да го дезинфицирате и лаптопот.

Слични содржини