Народниот правобранител има оформено предмет за случајот во Шуто Оризари

од desk2

Народниот правобранител има оформено предмет по сопствена иницијатива по добиените сознанија дека се случил настан во кој имало обиди за грабнување деца во општина Шуто Оризари, и дека полициски службеници биле претепани поради сомнение дека станува збор за грабнувачи, како што наведуваат граѓаните во таа општина, истакна денеска заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

Таа посочи дека направиле увид во полициската станица и доставиле дописи до МВР.

– Нашите сознанија говорат дека во тек се постапки кон лицата кои го извршиле насилството и за утврдување на основаноста на дојавите или пријавите дека има исчезнато лице од причина, што според МВР, досега нема ниту една пријава дека некој пријавил исчезнато лице. Бараме и целосно испитување на причините за присуството на полициските службеници надвор од службеното време во вечерни часови во такво возило без регистерски таблички. Останува МВР да го испита случајот и да ни ги достави целосно информациите што ги бараме, додаде Бајрамовска – Мустафа.

Слични содржини