НАСА ја откри првата егзопланета вон Млечниот Пат (ВИДЕО)

од Milan1

Телескоп на НАСА откри егзопланета што е приближно голема колку Сатурн и е оддалечена повеќе од 28 милиони светлосни години од Земјата. Откритието, велат научниците, е вистински пробив во потрагата по далечни планети.

Новооткриената планета се наоѓа во галаксијата М51-УЛС-1б, наречена и „Водовртеж“. Планетата е откриена лани во септември, од вселенската опсерваторија „Чандра“, со телескоп на НАСА поставен на 86.000 милји над Земјата. Сега откритието е потврдено како прва егзопланета надвор од нашата галаксија Млечен Пат.

Слични содржини