Наскоро патниците ќе можат да патуваат со воз од Лондон до Токио, преку трансибирската рута долга 13.518 километри, а се работи за амбициозен предлог на руската влада.

Проектот ќе вклучува и изградба на мост долг 45 километри со кои се овозможувам премин на возот преку Источното Море.
Со почетна точка во Лондон, патниците ќе поминат низ срцето на Русија пред да стигнат до крајната одредница Ваканаи во Јапонија.
Предлогот е опишан како историски мост, поради пропустот на Москва и Токио да постигнат официјална спогодба и да го завршат антагонизмот кој настапи по Втората светска војна кога Сталин ги припоил Курилските острови во 1945 година кои од тогаш се предмет на територијален спор.

Возот ќе поминува нив Германија и Полска пред да стигне во Источна Европа.
Путин, наводно сака да постигне инвестиции во источните делови на Русија и е во сериозни разговори со јапонски функционери за да се покренат плановите.
Неговиот помошник за животна средина Сергеј Иванов вели дека врската меѓу Јапонија и Сахалин, најголемиот руски остров кој делумно бил под контрола на Токио пред Втората светска војна, е долгоочекуван сон.

„Им нудиме на јапонските партнери да го разгледаат градењето на патот и железничкиот премин од Хокаидо до Јужните селови на Сахалин“, вели Иванов.
Плановите беа претставени на Источниот економски форум во Владивосток.
Во моментот, патниците кои патуваат со трансибирската железница од Пекинг до Москва, стигнуваат за 15 дена, а најпопуларна е кај студентите кои се желни за авантура.